Судии за ПМФЛ: Ставрев “главен“ во “Битката за Скопје“!

748

Во недела се играат сите шест средби од 3.коло во ПМФЛ. Јасно е дека дербито се игра на Чаир, каде во “Битката за Скопје“ силите ќе ги одмерат Шкупи и Вардар. Судија на овој меч ќе биде Александар Ставрев од Скопје.

Во исто време, само на Арената во Градски парк, Работнички го дочекува шампионот. На таа средба главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.

Во продолжение можете да ги видите и останатите двојки и судии за ова коло.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 3.КОЛО – НЕДЕЛА (16 Ч)

Гостивар: Беса – Тиквеш (Игор Стојчевски – Скопје)

Скопје: Работнички – Струга ТЛ (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)

Битола: Пелистер – Силекс (Крумислав Ѓорѓиев – Штип)

Скопје: Шкупи – Вардар (Александар Ставрев – Скопје)

Охрид: Воска – Гостивар (Димитар Пилешков – Штип)

НЕДЕЛА 20 Ч

Струмица: Брера – Шкендија (Александар Грујоски – Кичево)

ПретходноНавивајте за Македонија за 200 и 400 денари!
СледноЖенската репрезентација на Македонија до 15 години ќе има две контроли со Романија