Тренер во БиХ ќе биде казнет зошто не носел костум и вратоврска!

263

Даниел Прањиќ, некогашниот репрезентативец на Хрватска, сега е тренер на ГОШК, клуб од елитната лига на БиХ. Познато е тоа дека по поразот од Сараево тој на пресот, кој е задолжителен, не сакаше да одговара на новинарски прашања, за што ќе биде казнет. Но исто така ќе биде казнет и поради тоа што не го почитувал дрес-кодот за време на натпреварот, но и на пресот.

Имено тој носел маичка и врз неа јакна, а според пропозициите на ФС на БИХ, секој шеф на стручен штаб за време на натпревар и прес, мора да биде облечен во костум (со вратоврска) или без неа, или пак со тренерка која ќе биде клуски обележана.

Прањиќ едноставно не го почитувал дрес – кодот, па така и за ова ќе биде казнет.

ПретходноПознатиот менаџер од Тетово ќе ја спасува честа на Барса!
СледноОфицијално: Мечот од Суперкупот меѓу Алкалоид и Пелистер се игра во Гевгелија на 4 септември!