Форца ја оствари и втората убедлива победа во футсал Лигата на шампионите

315

Футсал шампионот на Македонија, екипата на Форца, ја оствари и втората победа на прелиминарниот турнир од Лигата на шампионите кој се одржува во Скопје. Вечерва во 2. коло Форца славеше над Ренџерс од Андора со 9:3 (4:2).

Како и вчера, така и вечерва во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, Форца покажа дека има квалитет да се бори и за првото место во групата и пласман во следната фаза од најсилното европско клупско натпреварување.

По само 30 секунди игра во првиот дел Левески погоди за водство од 1:0, но Ренџерс успеа да израмни по пет минути игра на 1:1. Следуваше втор гол на Левески за 2:1 (8′ 49”), по што до крајот на првиот дел Форца постигна уште два гола преку Исмаили и Левески, а гостите погодија уште еднаш за конечни 4:2.

Во вториот дел Форца ја засили играта што резултираше со брзо водство од 6:2 веќе до 26. минута. Ренџерс намали на 6:3 во 30. минута, но во истекот на 33. минута со својот втор гол Исмаили ја врати предноста на 7:3. До крајот на средбата во листата на стрелци се запишаа и Исаки и уште еднаш Исмаили за конечни 9:3.

Исто како и Форца и екипата на Титоград по првите две кола има две победи. Тоа значи дека меѓусебната пресметка меѓу Форца и Титоград ќе одлучи за 1. место во оваа група „А“.

ПретходноДибала одби 75 милиони евра и реши да остане во Рома
СледноОхрид 2024: Алкалоид со пресврт до победа и над Олимпијакос