Хамес Родригез се враќа во Шпанија, ќе игра за Рајо

81

Како и што најави, колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез се враќа во Европа. Според најновите информации тој е многу блиску до преселба во Рајо Ваљекано.

Колумбиецот веќе отпатува за Мадрид, каде што го чека комплетирањето на зделката.

Минатата сезона Хамес играше за Сао Паоло. 33-годишниот играч од средниот ред го раскина договорот со бразилскиот клуб и како слободен играч ќе се пресели во Рајо.

Во Шпанија, играчот од средниот ред веќе играше за Реал Мадрид.

ПретходноГаздите на Формула 1 го купуваат Мото ГП шампионатот!
СледноДибала одби 75 милиони евра и реши да остане во Рома