Химната на ЛШ во нова верзија, фановите гневни! (ВИДЕО)

192

По цели 33 години во оваа сезона ќе се игра во нов формат во Лигата на Шампионите. Тоа е познато и ова навистина ќе биде ЛШ. Но тоа не е единствено нешто што е променето.

Имено славната химна на Лигата на Шампионите, онаа која се интонира пред секој меч, онаа која повеќе од три децении сега е со нова верзија. Тоа можеше да се слушне на мечевите од плеј – офот во изминатите денови.

Промените не се големи, но предизвикаа разни контроверзи. Стиховите се исти, но променети се акордите, мелодијата е забрзана додадени се е и ефекти.

Оваа промена наиде на негативни коментари кај фановите на најславното клупско фудалско натпреварување, но така е тоа кога станува збор за фудбалот. Новитетите на почетокот секогаш тешко се прифаќаат.

ПретходноСлавната Американка предвидува крај на кариерата на Ноле уште по УС Опен?!
СледноАртета подготвува спектакл за крај на преодниот рок: За 150 милиони евра доаѓаат две екстра засилувања?!