Шампионот на Саудиска Арабија се засили со уште една ѕвезда

325

Португалецот Жоао Кансело ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија бидејќи Ал Хилал постигнал договор со Манчестер Сити околу откуп. „А Бола“ излезе со детали и пишуваат дека „Граѓаните“ ќе добијат 40 милиони евра, а играчот за три години ќе заработи 70 милиони евра.
Со тоа Ал Хилал и ги расипа плановите на Барселона да го врати играчот во своите редови.
Инаку Кансело играше за Бенфика, па за Валенсија, па на позајмица во Интер, потоа во Јувентус, па во Манчестер Сити за 65 милиони евра. Но поради лош однос со тренерот Пеп Гвардиола во јануари 2023 година замина на шестмесечна позајмица во Баерн. Минатата сезона ја помина во Барелона.

ПретходноАлмир Реџепи е ново засилување за Беса
СледноЖдрепка за УС Опен: Новак против Синер или Алкараз само во финале