Општина Кавадарци донесе одлука за отпочнување на постапка за превземање на кошаркарскиот клуб Еуроникел 2005. Компанијата која досега беше сопственик на акциите е во стечајна постапка, па поради тоа општината реши да го преземе финансирањето и водењето на КК Еуроникел.
Потврда за ова испрати градоначалникот Митко Јанчев.
„Денес Советот на Општина Кавадарци донесе Одлука за отпочнување постапка за превземање на МКК Еуро Никел 2005 АД Кавадарци. Со оваа одлука Советот на Општина Кавадарци дава согласност за отпочнување на постапка за превземање на машки кошаркарски клуб Еуро Никел 2005 Акционерско друштво Кавадарци во целост без надомест, во 100 % сопственост на Општина Кавадарци со обврски во моментот на превземањето. Причина е тоа што врз основачот на МКК Еуро Никел 2005 АД Кавадарци покрената е стечајна постапка“.