Португалецот Жоао Кансело ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија бидејќи Ал Хилал постигнал договор со Манчестер Сити околу откуп. „А Бола“ излезе со детали и пишуваат дека „Граѓаните“ ќе добијат 40 милиони евра, а играчот за три години ќе заработи 70 милиони евра.
Со тоа Ал Хилал и ги расипа плановите на Барселона да го врати играчот во своите редови.
Инаку Кансело играше за Бенфика, па за Валенсија, па на позајмица во Интер, потоа во Јувентус, па во Манчестер Сити за 65 милиони евра. Но поради лош однос со тренерот Пеп Гвардиола во јануари 2023 година замина на шестмесечна позајмица во Баерн. Минатата сезона ја помина во Барелона.