Главното засилување за Вардар во дефанзивната линија, искусниот Филип Најдовски, наскоро ќе се врати на теренот. Последните прегледи и магнетна резонанца кои биле направени во текот на вчерашниот ден покажале дека повредата на коленото не е од посериозен карактер, што практично значи дека Најдовски влегува во финална фаза на рехабилитацијата и наскоро ќе се појави во првиот тим на „црвено-црните“ во домашното првенство.
Најдовски кој беше доведен како главно засилување во одбраната се повреди за време на подготовките во Словенија и веќе ги продпушти првите два меча за Вардар во новата сезона. Тој сигурно нема да игра и в недела против Шкупи, но се очекува веќе од следната недела да го заврши периодот на опоравување.
Вардар има проблеми и со повредите на Брдаровски и Кореецот Ким, кои остануваат неизвесни за настап на дербито со Шкупи во недела.