Пелистер – Чеховски Медведи 26:25 е епилогот од првото полуфинале на меѓународниот турнир “Куп на Пријателство“ кој се игра во Болу (Турција). Со ова победа нашиот шампион се пласира во финалето на овој турнир каде ќе игра со подобриот во вториот полуфинален меч меѓу Мешков Брест и АЕК Атина.
Битолчани одлично го отворија мечот, но како што одминуваше времето Медведи беше се подобар и на пауза замина со водство од 15:12.
Така беше и во почетната фаза од второто полувреме, Пелистер никако не успеваше да се пронајде себеси. Сепак во финишот на средбата, иако разлика беше голема и изнесуваше -5, Пелистер заигра како што треба и успеа на крајот да се радува на победа од 26:25. Треба да се истакне дека на 24:24 противникот не успеа да реализира два седмерци.
Голот за победа беше дело на Пешевски, потоа следуваше одбрана и тоа беше доволно за триумф.
Радивојевиќ со 10 голови беше најефикасен кај битолчани.