Две нови имиња во нападот за екипата на Беса во завршницата од летниот трансфер период. Новиот прволигаш вчера го претстави повратникот Реџепи од Шкендија како ново засилување за дефанзивната линија, но исто така и уште две нови имиња во нападот.
Првото е црногорскиот напаѓач Данин Таловиќ, кој потпишал едногодишен договор со Беса во чии редови доаѓа од екипата на Сафа Бејрут СФ од Либан. Второто ново име во нападот е Илирид Адеми, кој доаѓа од косовската Супер лига каде беше дел од Фероникел. Илирд Адеми има богата кариера и досега играше и за повеќе екипи во Албанија и Македонија.