Уште еден одличен настап на РК Алкалоид на турнирот “Крсте Андоновски“ во Охрид и уште една победа, трета во групата, со што победникот во Купот на Македонија се пласира во финалето.
Момците на стратегот Кире Лазаров попладнево го победија Ловќен со 34:30 и со тоа си обезбедија, како што веќе рековме, финале на овој силен меѓународен турнир.
Во текот на целиот меч Алкалоид беше подобар, постојано имаше резултатска позитива и на крајот заслужено славеше.
Во финалето Алкалоид ќе игра со подобриот од вечерашниот меч меѓу Вардар и Целје.