Барса подготвена да плати 13 милиони евра за Киеза

175

Барселона подготвува понуда за италијанскиот репрезентативец, Федерико Киеза.

Според каталонски „Спорт“, шпанскиот гигант е подготвен да понуди 9+4 милиони евра за крилниот напаѓач на Јувентус.

Барселона ќе може да си дозволи да потпише со Киеза благодарение на продажбата на Микаил Фаје во Рен за 12 милиони евра. Информациите велат дека Киеза е подготвен да ги намали барањата за плата од 5 на 4 милиони евра за да ја олесни транзицијата во Барса.

Актуелниот договор на крилниот напаѓач со Јувентус истекува во летото 2025 година, а новиот менаџер на тимот објави дека нема да смета на Киеза во новата сезона.

ПретходноТановиќ и Адеми се нови напаѓачи на Беса
СледноБилијард „Куп на Македонија“ за Денот на независноста