Бока Јуниорс е 30. тим кој се квалификуваше за првото СП за клубови

123

Аргентинскиот фудбалски гигант, Бока Јуниорс се квалификуваше за Светското клупско првенство кое под капата на ФИФА за првпат ќе се одржи следното лето. Бока е 30-тиот клуб кој се квалификуваше за настап на првенството, потврди ФИФА. Тоа значи дека останаа само уште две слободни места за да се пополнат предвидените 32 места за првото издание на првенството.

Синоќа Бока Јуниорс испадна во осминафиналето на Копа Судамерикана, откако на пенали беше елиминирана од бразилски Крузеиро. Покрај Аргентинците досега сигурно место на првото издание на Светското клупско првенство обезбедија и: Ал Ахли, Палмеирас, Ал Аин, Улсан Хјундаи, Фламенго, Манчестер Сити, Ал Хилал, Реал Мадрид, Видад Атлетик Клуб, Флуминензе, Челзи, Монтереј, Урава Ред Дајмондс, Леон, Сиетл Саундерс, Баерн Минхен, Есперанс Тунис, Мамелоди, ПСЖ, Пачука, Ривер Плата, Борусија (Д), Интер, Порто, Атлетико (М), Бенфика, Оукленд Сити, Јувентус и РБ Салцбург.

Првото издание на новото СП за клубови ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули следната година.

ПретходноПочнува Бундеслигата: Баерн сака да си го врати престолот, Баер (Л) кон ново изненадување
СледноМакедонија со четворица претставници на СП во кик-бокс за кадети и јуниори