Како што пренесуваат медиумите на Островот, па и во Италија, на повидок е сензационален трансфер од Наполи во Ливерпул. И тоа на Квича Кварацкелија, грузискиот напаѓач и еден од најдобрите крилни офанзивни играчи во Европа.
Кварадона, како што го нарекуваат во Италија, би можел да дојде во Ливерпул за 70 милиони фунти.
Договорот со Наполи него го врзува уште три години, сепак и самиот Кварацкелија сака да замине во Ливерпул.
Сепак за ова се прашува и Наполи со тренерот Конте. Ако веќе Осимен си оди, тогаш тешко дека клубот од Неапол би го пуштил и Кварадона, или пак ќе се бараат повеќе пари од тие 70 милиони фунти.