ВАДА ќе се жали за допингот на Синер, Италијанецот ќе биде исфрлен од УС Опен?

164

Италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“ пренесува информација од германските медиуми дека Светската антидопинг агенција ВАДА има право на жалба на одлуката за неказнувањето на двата позитивни допинг теста на италијанскиот тенисер и светски рекет бр. 1, Јаник Синер. Рокот за доставување жалба е 6 септември.

Во прилог на тоа следува и информација дека Светската антидопинг агенција (ВАДА) сака да интервенира во случајот, бидејќи досега не била ниту консултирана за спорниот случај од страна на АТП.

„Како што правиме секогаш, внимателно ќе ги испитаме сите документи и го задржуваме правото на жалба на одлуката“, изјавил претставник на Светската антидопинг агенција и со тоа потврди дека случајот го следат и повисоките органи.

Ако ВАДА испрати жалба на одлуката, тоа значи дека Јаник Синер би бил суспендиран од настап на претстојниот УС Опен.

ПретходноБилијард „Куп на Македонија“ за Денот на независноста
СледноПочнува Бундеслигата: Баерн сака да си го врати престолот, Баер (Л) кон ново изненадување