Познати е кој ќе игра во утрешното финале на турнирот “Крсте Андоновски“ во Охрид. Тоа се екипите на Алкалоид и Вардар. Ако се знаеше прво дека тимот на Кире Лазаров со победата над Ловќен си обезбеди финале, вечерва тоа го направи и Вардар откако славеше победа над Целје со 31:27 (16:11) па така утре вечер од 20 часот во салата “Билјанини Извори“ меч за ракометно уживање. Победникот на Купот на Македонија против некогашниот двоен европски шампион.
Во текот на целиот меч вечерва вардарци против Целје покажаа квалитет, беа подобри и на крај заслужено победија.