Она што се најавуваше, што се очекуваше, од денеска е и со потврда. Тоа е дека Кристијан Трапановски доби повик од страна на селекторот Благоја Милевски за септемврискиот циклус во Лигата на Нации, во кој Македонија ќе игра против Ф. Острови и Ерменија.
Ова денеска го потврди и Данди Јунајтед, кој не ја крие својата гордост дека нивните двајца Македонци, Кристијан Трапановски и Давид Бабунски добиле повик од страна на селекторот Милевски.
Ова не е ништо ново за Бабунски, но ова е деби повик за Трапановски кој ова лето направи трансфер од Шкупи во Данди Јунајтед и веднаш со своите игри и голови, заедно со Бабунски, стана миленик на фановите на овој шкотски премиерлигаш.