Данска остана без капитенот, Кјаер оди во репрезентативна пензија

54

По 15 години и 132 настапи за репрезентацијата, 35-годишниот дефанзивец Симон Кјаер објави пензионирање од репрезентативниот дрес. Фудбалерот со објава на социјалните мрежи го најави своето заминување од репрезентацијата.

„За се има крај. Решив да се повлечам од данската репрезентација по 15 фантастични години во црвено-белиот дрес. Тајмингот е добар, но и јас сум малку тажен, бидејќи чувството на единство во и околу репрезентацијата ми значеше многу и беше толку важен дел од целиот мој живот. Кога имав четири години и почнав да играм фудбал, не сонував да одиграм 132 натпревари за мојата репрезентација и да учествувам на шест Светски и Европски првенства. Многу сум горд на огромната привилегија да бидам капитен на репрезентацијата во последните осум години. Срдечна благодарност до сите, Федерацијата, тренерите, персоналот, моите многубројни соиграчи низ годините и особено фантастичните дански навивачи за се што постигнавме заедно. Отсекогаш ми било чест и привилегија да ја претставувам Данска“, напиша Кјаер.

ПретходноДобри вести за Вардар: Најдовски наскоро се враќа на теренот
СледноОФИЦИЈАЛНО: Гундоан си замина од Барса и повторно го облече дресот на Манчестер Сити