Добри вести за Вардар: Најдовски наскоро се враќа на теренот

999

Главното засилување за Вардар во дефанзивната линија, искусниот Филип Најдовски, наскоро ќе се врати на теренот. Последните прегледи и магнетна резонанца кои биле направени во текот на вчерашниот ден покажале дека повредата на коленото не е од посериозен карактер, што практично значи дека Најдовски влегува во финална фаза на рехабилитацијата и наскоро ќе се појави во првиот тим на „црвено-црните“ во домашното првенство.

Најдовски кој беше доведен како главно засилување во одбраната се повреди за време на подготовките во Словенија и веќе ги продпушти првите два меча за Вардар во новата сезона. Тој сигурно нема да игра и в недела против Шкупи, но се очекува веќе од следната недела да го заврши периодот на опоравување.

Вардар има проблеми и со повредите на Брдаровски и Кореецот Ким, кои остануваат неизвесни за настап на дербито со Шкупи во недела.

ПретходноСинот на петкратниот шампион во Мото ГП ќе вози за Алпин следната сезона
СледноДанска остана без капитенот, Кјаер оди во репрезентативна пензија