Се играше 23.минута од мечот Локомотива – Шибеник, кога гостите преку некогашниот македонски репрезентативец Леонард Жута постигнаа убав гол за водство од 0:1. И дефинитивно искусниот Жута со овој гол потсети на своите најдобри времиња од неговата кариера.
Инаку ова е меч од 4.коло во ХНЛ, а колку за потсетување,дефанзивецот во Шибеник дојде ова лето.
Некогаш играше за Ријека, Лече, Хакен, Коњаспор, Валеренга…