Конечно, од вечерва може да се каже дека Наполи и Антонио Конте добија екстра засилување. Тоа е Ромелу Лукаку, тоа значи дека конечно е постигна договор со кој искусниот напаѓач во следниот период ќе игра под Везув.
Она што го бараа и Лукаку и Наполи го добија. Наполитанците ќе му платат на Челзи 30 милиони евра и плус разни бонуси, тоа е договорено според сите релевантни извори од Италија.
Да потсетиме дека Лукаку во Италија играше и за Интер и за Рома, а најдобрата сезона ја имаше под водство токму на Конте кога заедно беа во гигантот од Милано.