Легендарниот бек избран за помошник на селекторот на Англија!

224

Легендата на Челзи, Арсенал и на европскиот фудбал, еден од најдобрите бекови во историјата на Премиер-лигата, секако дека тоа е Ешли Кол (43), од денеска и официјално е помошник на привремениот селектор на Англија, Ли Карсли кој пред две недели беше назначен, од страна на ФА, за селектор на европскиот вице- шампион.

Во стручниот штаб на Карсли ќе биде уште еден некогашен познат дефанзивец, а тоа е Џолеон Лескот, кој играше и во Манчестер Сити.

Кол за репрезентацијата на Англија забележа 107 настапи, играше на три светски првенства, и тоа во 2002, 2006 и 2010. Додека Лескот за Англија одигра 26 натпревари.

ПретходноАртета не го сака Стерлинг во Арсенал!
Следно„Бомба“: Кварадона потпишува за Ливерпул?!