Ливерпул „пазари“ од градскиот ривал – дава 70 милиони фунти за 22-годишен бек

275

Ливерпул ја пикирал ѕвездата на градскиот ривал Евертон, Џарад Брантвејт, пренесуваат медиумите во Англија. Според „Сан“ тимот од Енфилд дури предложил 63 милиони фунти плус седум милиони во форма на бонуси за овој 22-годишен централен бек.

Инаку Бранвејт има договор со „карамелите“ до 2027 година, а беше и трансферна цел на Манчестер Јунајтед ова лето. Минатата недела почнаа гласините за интерес од Ливерпул, поради што букмејкерите драстично ги намалија коефициентите за овој можен трансфер.

Ливерпул се уште немаат донесено ниту еден нов играч, а веќе продадоа играчи и собраа 60 милиони фунти. Карваљо и Ван ден Берг отидоа во Брентфорд за 52,5 милиони со бонуси, а Боби Кларк во Салцбург за 10 милиони фунти. Во касата на Ливерпул ќе се слеат уште околу 10 милиони од трансферот на Доминик Соланке во Тотенхем.

Тоа значи дека Ливерпул веќе ги осигурал парите за англискиот бек.

 

Претходно„Куп на Пријателство“: Пелистерци славеа против Чеховски Медведи и се пласираа во финалето
СледноАлкалоид го “скрши“ Ловќен и се пласира во финалето на турнирот во Охрид!