Лион ги распродава играчите

2111

 

Олимпик Лион го стави најголемиот дел од својот тим на трансфер листата за да избегне санкции за прекршување на финансискиот фер-плеј, пишува францускиот весник L’Equipe.

Изворот тврди дека клубот испратил сигнали за продажба на играчи до агенти како и екипи од Франција и други европски земји. Секој играч на Лион може да биде продаден доколку има понуда која му одговара на клубот.

Французите мора да заработат 100 милиони евра од продажба на играчи пред крајот на летниот преоден рок за да избегнат санкции од УЕФА. Според порталот Трансфермаркт, вкупната вредност на составот на тимот е 261,5 милиони евра.

Олимпик Лион е седумкратен шампион на Франција и петкратен победник на Купот на Франција. На крајот од сезоната 2023/24, клубот го зазеде шестото место во Лига 1.

ПретходноБеговиќ се врати во Евертон
СледноЈуниорите одиграа нерешенo со Албанија во пријателски меч