Четири кик-боксери од Македонија од денеска стартуваат со настапи на Светското првенство во Будимпешта за кадети и јуниори.
Наши претставници на светскиот собир на најдобрите млади кик-боксери ќе бидат Марија Димовска во лоу кик (-60 кг) во категоријата млади јуниори, Силвио Мировски (лоу кик, -71 кг, постари јуниори), Максим Митровски (К1, -71 кг, постари јуниори) и Лука Змејкоски (лоу кик, +81 кг, помлади јуниори).
На светското првенство најбројна ќе биде делегацијата на Полска со над 200 натпреварувачи, а се очекува бројка од над 3000 учесници од целиот свет. Првенството ќе трае до 1 септември, а распределбата на медалите ќе биде во 123 категории.