Македонија У18 со убедлив пораз од Унгарија

176

Младата селекција на Македонија до 18 години загуби со 5:0 од соодветната репрезентација на Унгарија во контролен натпревар одигран помеѓу овие две репрезентации во Телки.

Мондовиќ ја донесе Унгарија во предност од 1:0. Четири минути подоцна Егри ја зголемува предноста на 2:0.

Во продолжението и Баркочи се запишува во листата на стрелци за 3:0. Мондовиќ со својот втор погодок на денешната средба ја доведува Унгарија во предност од 4:0. Конечните 5:0 ги поставувi Канчисј.

Македонија се закани неколку пати опасно по голот на противникот, но без реализација. Шаботиќ и Радески ги имаа најдобрите прилики за нашата репрезентација на денешната средба.

Контролен натпревар во Телки;

Репрезентации до 18 години;

Унгарија Македонија   5:0

Македонија: Давид Илоски, Златко Радески, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Игор Ристов, Каменчо Андоновски, Хисар Али, Стефан Младеновски, Адмир Љатифи, Давид Стојановски;

Селектор: Ерхан Селими;

ПретходноЈуниорите одиграа нерешенo со Албанија во пријателски меч
Следно„Кралевите“ еден месец без Белингем