Милев: Мечот со Грција е нашата „меч-топка“ во овие квалификации

183

Македонската одбојкарска репрезентација ги прави завршните подготовки за неделниот квалификациски меч со Грција во Скопје. Еден од најискусните одбојкари во нашиот национален тим, Владо Милев, пред дуелот со јужниот сосед најавува атак на победа за ново учество на завршницата на европските првенства.

„Овие квалификации ги започнавме одлично со убедлива победа над Грузија. Сега не очекува дерби дуелот со Грција, каде на некој начин ја имаме меч-топката во наши раце. Ова е голема шанса по четвртипат по ред да учествуваме на Европско првенство. Ги правиме последните анализи на противникот, формата е задоволителна и од ден на ден ја креваме на потребното ниво. Ова за нас е решавачки натпревар. Се работи за одличен противник, но сметам дека со добра мотивација пред домашна публика имаме и големи шанси да извојуваме победа и да се радуваме на уште едно европско првенство“, вели Милев.

Мечот со Грција е на програмата в недела од 20.15 часот во СЦ „Јане Сандански“. Влезот во салата ќе биде слободен.

 

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Гундоан си замина од Барса и повторно го облече дресот на Манчестер Сити
СледноЕСПН: Оклахома ќе биде прв фаворит на Западот, Денвер дури четврти