Некогашниот голем талент на Работнички пред трансфер во Хамбургер!

2197

Емир Сахити, некогаш големиот талент на Работнички кој откако себеси си се промовира во тимот од Градски парк направи трансфер во Хајдук, сега е пред заминување во Германија и тоа во некогашниот европски првак, тимот на Хамбургер.

Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, по елиминицијата од Европа, на Хајдук му се неопходни финансиски средства, па така би можел да ја прифати понудата од Хамбург и за околу 3 милиони евра го прдодаде својот офанзивец.

Инаку пред извеснио време Сахити беше во немилост на Џенаро Гатузо, кога според Италијанецот, тој не се придржувал кон клупската дисциплина.

ПретходноНено си ја одбра “единицата“ во Олимпија Милано!
СледноКонечно си призна: “Сега јасно можеме да кажеме, Новак е најдобар во историјата“!