Во претстојната сезона, нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ ќе игра за Олимпија Милано, и ќе го носи дресот со бр.1 за “манекените“ како што популарно се нарекува тимот од Милано.
Ова и официјлно го објави самиот клуб на своите социјални мрежи, како за Македонецот така и за останатите свои кошаркари.
Инаку Димитријевиќ по завршувањето на сезоната, направи трансфер од Уникс Казан во Олимпија Милано. Во јавноста во Италија не се крие дека се очекува Нено со бр.1 на дресот да прикажува фантастични партии и за тимот од Милано.