ОФИЦИЈАЛНО: Гундоан си замина од Барса и повторно го облече дресот на Манчестер Сити

147

33-годишниот германски играч за врска Илкај Гундоган денеска и официјално се прости од навивачите на Барселона и го тврди враќањето во екипата на Манчестер Сити. Во објава на социјалните мрежи, Германецот им се заблагодари на фановите на Барса за дружбата во изминатата сезона.

„По само една година, време е да се збогуваме. Дојдов овде за да преземам нов, возбудлив предизвик и бев подготвен за тоа. Дадов се што имав за да дадам се од себе за тимот и клубот во тешката сезона и со нетрпение очекував да им помогнам на моите соиграчи во новата сезона. Сега заминувам во тешка ситуација, но ако моето заминување му помогне финансиски на клубот, тогаш нема да бидам толку тажен. Навивачите заслужуваат овој голем клуб да се врати кај најдобрите во светот“, напиша Гундоган на „Х“.

Веднаш по објавата на Гундоан се огласија од Манчестер Сити. Англискиот првак официјално го објави враќањето на Гундоган со кого потпиша договор до летото 2025 година, со опција за продолжување на уште една година.

ПретходноДанска остана без капитенот, Кјаер оди во репрезентативна пензија
СледноМилев: Мечот со Грција е нашата „меч-топка“ во овие квалификации