Почнува Бундеслигата: Баерн сака да си го врати престолот, Баер (Л) кон ново изненадување

59

Денеска со натпреварот меѓу Борусија (М) и шампионот Баер (Л) во 20.30 часот официјално започнува новата сезона во германската Бундеслига. Со оглед на случувањата во последните сезони, не очекува сезона во која ќе има многу отворени прашања, особено околу новиот освојувач на шампионската титула. Баерн (М) вообичаено останува фаворит за титулата, но и оваа година ќе има сериозна конкуренција.

Баер (Л) кој беше вистинско откритие во Европа минатата сезона, стартуваше со освојување на германскиот Суперкуп во драматичен натпревар против Штутгарт напенали. Најдоброто нешто за шпанскиот тренер на Баер е што тимот досега успеа да ги задржи своите големи ѕвезди како Флоријан Вирц, Виктор Бонифасис и Јонатан Тах, а истовремено да се засили со Мартин Терие и Алеикс Гарсија. Останува да се види дали тимот ќе може да повтори сличен настап оваа сезона.

Хегемонот Баерн (Минхен), кој минатата сезона за првпат по 12 години остана со празни раце има нов тренер во името на Винсент Компани. Настапите на тимот под водство на Белгиецот досега беа сигурни, но сепак има многумина кои се сомневаат дека тој е вистинскиот човек за гигантот од Минхен. Баерн се засили со Палиња од Фулам, како и крилото на Кристал Палас, Мајкл Олисе, но потпиша и со дефанзивецот Хироки Ито од Штутгарт, кој за жал заработи повреда и ќе ги пропушти првите неколку месеци од новата сезона.

Во листата на тимови кои може да се вмешаат во трката за титулата секогаш се и Борусија (Д) и Штутгарт, кои и минатата сезона играа одличен фудбал. РБ Лајпциг е тука од втор план, а можно е да изненадат и тимови од калибарот на Ајнтрахт (Ф), Фрајбург или Вердер.

ПретходноВАДА ќе се жали за допингот на Синер, Италијанецот ќе биде исфрлен од УС Опен?
СледноБока Јуниорс е 30. тим кој се квалификуваше за првото СП за клубови