Уф, како игра ПСЖ на стартот од сезоната во Лига 1. Вечерва на свој терен, пред своите фанови екипата на Луис Енрике просто го згазија Монпеље со 6:0. Ова е втора победа на “светците“ во првите два меча во првенството со гол разлика 10:1.
На овој ПСЖ и дефинитивно не му недостасува Килијан Мбапе. Убаво кажа Енрике дека без него ќе има повеќе опции во нападот, и така е.
Фановите се во транс. Дали е ова оној ПСЖ кој може да ја донесе титулата во ЛШ? Останува да се види.
Инаку вечерва ПСЖ серијата голови ја отвори уште во 4.минута преку Баркола, следеше голот на Асенсио за 2:0, на пауза се замина со овој резултат.
Во второто полувреме ПСЖ притисна уште повеќе, гостите беа немоќни. Баркола, Хакими, Заир-Емери и Ли Канг-Ин стрелаа за конечни неверојатни 6:0.
🤩| Le bonbon de Joâo Neves pour @marcoasensio10 🍬😋 #PSGMHSC pic.twitter.com/fK7Eoybs3F
— DAZN France (@DAZN_FR) August 23, 2024