Во меч од 2.коло во Ла Лига, вечерва во Виго тимот на Селта со 3:1 ја победи Валенсија и сега има максимални шест бода на стартот од сезоната. Столе Димитриевски и на овој меч преседе на клупата, повторно шанса на голманската позиција доби Гиорги Мамардашвили. Се чини дека оваа сезона ќе биде и тоа како тешка за нашиот голман.
Валенсија во 14.минута со голот на Лопез дојде до водство од 0:1. Сепак во продолжение од средбата, Мингуеза, Аспас и Белтран стрелаа за убедлива победа од 3:1. Да кажеме дека Аспас не успеа да реализира пенал, поточно Мамардашвили успеа да одбрани.