Синот на петкратниот шампион во Мото ГП ќе вози за Алпин следната сезона

61

21-годишниот Австралиец Џек Дуан ќе биде нов пилот на Ф1 тимот Алпин во новата сезона. Веста денеска ја потврдија од тимот.

Дуан е син на петкратниот светски шампион во Мото ГП, Мик Дуан. Австралискиот пилот е резервен возач на Алпин веќе неколку години. Во последно време тимот активно го тестираше и сега и официјално ќе му даде шанса да стане дел од пилотскиот пар во новата сезона. Тој ќе му биде партнер на Пјер Гасли во 2025 година.

Алпин моментално се наоѓа на осмото место во шампионатот за конструктори со 11 бода.

ПретходноФудбалер на Национал колабираше на меч од Копа Либертадорес, засега е стабилен (ВИДЕО)
СледноДобри вести за Вардар: Најдовски наскоро се враќа на теренот