Тановиќ и Адеми се нови напаѓачи на Беса

363

Две нови имиња во нападот за екипата на Беса во завршницата од летниот трансфер период. Новиот прволигаш вчера го претстави повратникот Реџепи од Шкендија како ново засилување за дефанзивната линија, но исто така и уште две нови имиња во нападот.

Првото е црногорскиот напаѓач Данин Таловиќ, кој потпишал едногодишен договор со Беса во чии редови доаѓа од екипата на Сафа Бејрут СФ од Либан. Второто ново име во нападот е Илирид Адеми, кој доаѓа од косовската Супер лига каде беше дел од Фероникел. Илирд Адеми има богата кариера и досега играше и за повеќе екипи во Албанија и Македонија.

ПретходноНеверојатно промашување! Новиот напаѓач на Челзи прописно се посрамоти на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)
СледноБарса подготвена да плати 13 милиони евра за Киеза