Во екот на допинг – скандалот, а во пресрет на УС Опен, се чини дека Јаник Синер направи шокантен потег. Имено тој денеска и официјално ги откачи првите соработници од својот тим, Џакомо Налди и Умберто Ферара. Познато е дека Синер се правдаше дека за допингот виновни се овие двајца, па затоа донекаде овој негов потег не е неочекуван, туку неочекуван е тајмингот во кој тоа го направи, односно го реконструираше својот тим.
Имено познато е дека за неколку дена стартува УС Опен а тој останува без важни личности околу себе.
Инаку со ова и дефинитивно Синер потврдува дека сака по секоја цена да се извлече и да прикаже дека тој во никој случај не е виновен, туку дека вината е кај Налди и Ферара.