Македонскиот кошаркарски репрезентативец Теодор Симиќ во наредниот период ќе го носи дресот на шпанскиот клуб Прат. Инаку Прат е всушност филијала на гигантот Хувентуд или негов втор тим.
Овој тим во наредната сезона ќе игра во третата кошаркарска лига на Шпанија.
Кога сме кај талентираниот и висок центар, тој во минатото беше дел од младинските екипи на Барселона, беше поврзуван со трансфер во некои наши екипи, но сепак се одлучи да потпише за третолигашки клуб во Шпанија.