Ѓорѓи Мојсов: Време е да почнеме да освојуваме бодови и на гости!

823

Во недела во Гостивар, во меч од 3.коло во новата сезона во ПМФЛ, тимот на Тиквеш и гостува на Беса. Кавадарчани во првите две кола освоија три бода, оние против Воска во минатото коло, додека на стартот беа поразена во Струга ТЛ од шампионот.

Во пресрет на неделниот дуел со дебитантот во елитата, стратегот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов за “СпортСпорт“ истакнува:

Мислам дека мораме да почнеме да освојуваме бодови и на гостински терен. Мораме да го урнеме митот дека Тиквеш е само домашна екипа. Ако сакаме битка за првите три места, а еве јавно кажувам дека сакаме, тогаш мораме да освојуваме бодови од страна што се вели. Немам проблеми со повреди и слично, ќе сметам на сиот свој играчки потенцијал. Секоја чест за добриот тим на Беса. Во првите две кола не дојде ниту до бод, сега ќе има екстра мотиви против нас оваа екипа, но ќе повторам дека нас не интересира само добар резултат и нови бодови. Така ќе играме и така ќе се однесуваме на ова гостување. Јас сум оптимист како и секогаш“ заврши младиот стратег на кавадаречкиот клуб, стратег кој пред три месеци заедно со своите играчи го освои првиот пехар во клупската историја, кога во финалето на Купот совладана беше Воска со 2:1.

Претходно„Бомба“: Кварадона потпишува за Ливерпул?!
СледноЖута стрелец на убав гол за Шибеник! (ВИДЕО)