Откако и дефинитивно Челзи и јавно се произнесе дека не смета на Рахим Стерлинг, веднаш се појавија шпекулации кои брзоногиот напаѓач го “поврзуваат“ со повеќе клубови. Еден од нив е и Арсенал.
Сепак Микел Артета веднаш ја отфрли таквата можност и на новинарско прашање одговори:
„Не, апсолутно не. Сепак можам да му се јавам на Рахим и да разговараме за времето кое го минавме заедно во Манчестер Сити. Тоа беше исклучително и убаво време и за двајцата“ потенцираше менаџерот на Арсенал.