ЕСПН: Оклахома ќе биде прв фаворит на Западот, Денвер дури четврти

712

Американската ТВ-мрежа ЕСПН ги објави прогнозите за тоа кој ќе бидат најуспешни тимови во Западната конференција во НБА лигата во новата сезона. Според ЕСПН и оваа сезона како главни конкуренти за првите три позиции ќе бидат Далас Маверикс, Оклахома Сити Тандер и Минесота, додека Денвер предводен од МВП ѕвездата Никола Јокиќ е само четврти фаворит на Западот.

Според ЕСПН прв фаворит за првото место во регуларниот дел од сезоната во Западната конференција е тимот на Оклахома. Предводен од Шеи Гилџес-Александер, Чет Холмгрен и со доаѓањето на Алекс Карузо, Оклахома ќе биде прв фаворит да ја надмине бројката од 55 победи во регуларната сезона.

Веднаш зад нив се кошаркарите на Минесота, додека финалистите од минатава сезона, Далас се трет фаворит на Западот пред Денвер. Во ТОП 5 според прогнозата на ЕСПН се и Феникс Санс.

ПретходноМилев: Мечот со Грција е нашата „меч-топка“ во овие квалификации
СледноБеговиќ се врати во Евертон