Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт 2:0 е епилогот од дуелот во Дортмунд во меч од 1.коло во новата сезона во Бундеслигата. Стрелец на првиот гол беше Буное – Гитенс во 72.минута откако му асистираше Грос. Сепак мечот не се заврши со овие 1:0, за тоа се погрижи исто Буное – Гитенс кој во 90+3,минута од една опасна контра се најде во шанса и успеа да реализира за конечни 2:0.
Треба да се каже дека на 0:0 гостите од Франкфурт во три наврати имаа големи шанси да дојдат до водство, но немаа среќа во реализацијата. На другата страна Сабицер можеше да ги израдува фановите на домашниот тим.