Конечно договор: Лукаку се сели во Наполи

179

Белгиски напаѓач Ромелу Лукаку останува на Апенините, но нема да игра ни за Рома ни за Интер, туку се сели на југот на Италија и ќе ги брани боите на Наполи. Шампионот на Италија од 2022 година успешно ги завршил преговорите со Челзи, па тренерот Антонио Конте доби корпулентен напаѓач.

Се зборува дека Наполи ќе плати 30 милиони евра плус 30% од наредниот трансфер.

Викендов Наполи ќе ги заврши бирократските детали, а фудбалерот се очекува во понеделник да ги изврши лекарските прегледи и да стави потпис на договор.

Се уште не е познато дали со ангажманот на Лукаку, Наполи ќе го продаде Виктор Осимен за кого одби неколку богати понуди од Англија, Франција и Саудиска Арабија.

ПретходноЕтапа од Вуелта стартуваше од супермаркет (видео)
СледноСелтик пет пати ја одбил Аталанта и го продаде својот играч за врска на Брајтон