Франциско Консеисао ќе ја напушти екипата на Порто и ќе стане нов фудбалер на Јувентус објавува Фабрицио Романо.
Младиот португалец ќе му се придружи на Јуве на позајмица од една година без опција за откуп. За оваа позајмица Јуве ќе исплати 7 милиони евра, плус 3 милиони како бонус.
Порто веднаш пронајде замена за Консеисао и наскоро ќе потпише со фудбалерот на Арсенал, Фабио Виеира. Португалскиот фудбалер од везниот ред ќе му се придружи на Порто на позајмица од една сезона без опција за целосен трансфер.