Селтик го собори клупскиот рекорд во трансфери со тоа што се договори со Брајтон за трансфер на данскиот репрезентативец Мет О’Рајли за 30 милиони евра. „Скај Спорт“ пишува дека Селтик претходно одбил пет понуди на Аталанта за овој играч за врска, за потоа да го продаде на Брајтон.
Највисоката понуда на Аталанта изнесувала 25 милиони евра и бонуси, претходно и Атлетико добил „корпа“ за понуда од 23,5 милиони евра. Брајтон излезе со супер понуда од 30 милиони која Селтик ја прифатил.
О’Рајли имаше одлична сезона во Шкотска со 19 голови и 18 асистенции. Пред да отиде во Селтик бил во академијата на Фулам, а потоа во МК Донс од каде што Селтик го купил за 1,8 милиони евра.