Пораз од Брајтон денеска во меч од 2.коло во Премиер-лигата. Манчестер Јунајтед во првото коло едвај победи, а сега на гостувањето кај Брајтон се видоа големиот број слабости на тимот од “Олд Трафорд“.
И кога е така, а така е, тогаш јасно е дека сезоната на изговори од страна на Ерик Тен Хаг веќе започна, така беше и лани, така е сега:
„За нас разочарувачки се тие 2:1 ако знаеш дека во поголем дел од мечот си имал контрола. Ни одеше многу добро, но ете, примивме два лесни гола, моравме да реагираме многу подобро како тим. Фудбалот е игра која зависи од деталите. Имавме три – четири шанси и требаше да водиме уште по првиот дел, ќе разговараме за ова со играчите“ кажа по поразот менаџерот на Манчестер Јунајтед.