Фудбалерот на Барселона, Витор Роке ќе си замине од каталонскиот клуб по само една година од неговото пристигнување.
Роке ќе замине на двегодишна позајмица од Барселона и ќе и се придружи на екипата на Реал Бетис. Роке пристигна во Барселона во Јули минатата година од екипата на Атлетико Параненсе како голем талент, но во Барселона тој не успеа да фати натпреварувачки ритам и да го пронајде своето место во првиот тим. За Барса, Роке одигра 14 натпревари и постигна два погодоци.
Исто така дефанзивецот на Барселона Клемент Ленгле ќе го напушти каталонскиот клуб и ќе му се придружи на Атлетико Мадрид на позајмица од една година.