Браво: Барса е мал клуб, Манчестер Сити е гигант

369

Поранешниот голман на Барселона и Манчестер Сити, Клаудио Браво даде интересна изјава во врска со работењето и моменталната состојба на своите поранешни клубови. Чилеанскиот репрезентативец во интервјуто истакна дека Барселона функционира како „мал клуб“.

„Барса функционира како мал клуб, а е еден од најголемите клубови во светот заедно со Реал Мадрид. Гигант, но внатрешно многу мал клуб. Таму секогаш се вртат истите лица, неколку влијателни луѓе. Истите фудбалери, вработени, истото обезбедување и готвачи.“

„За разлика од Барса, Манчестер Сити е внатрешно гигантски клуб. Великан пред се. Таму има многу луѓе кои што се грижат фудбалерите најефективно да се развиваат и ништо да не им недостасува. Сити не штеди и се труди секогаш да го има најквалитетното. На секоја позиција во клубот има по неколку луѓе кои што одлично си ја вршат работата.“

Браво настапуваше за Барселона во периодот од 2014 до 2016 година, од каде се пресели во Сити за кој настапуваше до 2020-тата година.

ПретходноЖоао Педро го „реши“ Манчестер Ј.
СледноНорис до пол позиција на „Зандворт“