ВМФЛ: Брегалница на гости во Новаци, Победа го дочекува Борец

399

Денеска со почеток од 16 часот се играат седум мечеви од 2.коло во ВМФЛ, за утре исто од 16 часот закажан е дуелот во Куманово меѓу Башкими и Македонија ЃП.

Попладнево се очекува да биде интересно и неизвесно на повеќе средби. Пред се во Новаци каде истоимениот тим го дочекува составот на Брегалница, и двете екипи на стартот забелажаа победи. Во Прилеп некогашните прволигаши, Победа и Борец ќе ги одмерат силите во оваа второлигашка битка за бодови.

Вардар (Н) ја дочекува Беласица, додека Охрид на свој терен игра со Аресими со надеж дека ќе дојде до трите бода. На останатите мечеви се среќаваат Саса – Детонит, Вардарски – Кожув и Осогово – Скопје.

ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Вардар (Н) – Беласица

Охрид – Аресими

Победа – Борец

Новаци – Брегалница

Саса – Детонит

Вардарски – Кожув

Осогово – Скопје

НЕДЕЛА, 16 Ч

Башкими – Македонија ЃП

ПретходноСелтик пет пати ја одбил Аталанта и го продаде својот играч за врска на Брајтон
СледноНишто од Челзи, Омородион се пресели во Порто