ВМФЛ: Брегалница триумфално во Новаци, Победа го растури Борец

928

Попладнево се одиграа седум средби од 2.коло во ВМФЛ. Брегалница дојде и до втората победа во новата сезона. Денеска со 0:2 славеше на гостувањето кај Новаци. Стрелци на головите беа Даноски и Глигоров.

Моќна игра на Победа и триумф со 5:0 против Борец во меч на екипи кои некогаш играа во елитата. Одлична претстава на прилепчани.

Охрид дома поразен од Аресими со 2:4, беше и 0:4 но домашните сепак колку толку го ублажија поразот.

Вардар (Н) и Беласица одиграа интересен меч кој на крајот заврши со 2:2, исто така реми заврши и дуелот меѓу Осогово и Скопје. Гостите водеа се до 90.минута кога домашните израмнија и дојдоа до бод.

Утре се игра натпреварот во Куманово меѓу Башкими и Македонија ЃП со што се комплетира 2.коло во ВМФЛ.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 2.КОЛО

ВАРДАР (Н) – БЕЛАСИЦА 2:2

ОХРИД – АРЕСИМИ 2:4

ПОБЕДА – БОРЕЦ 5:0

НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА 0:2

САСА – ДЕТОНИТ 0:2

ВАРДАРСКИ – КОЖУВ 1:3

ОСОГОВО – СКОПЈЕ 1:1

НЕДЕЛА, 16 Ч

БАШКИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

ПретходноЛајпциг подобар од Бохум, Елмас и Елези останаа на клупа
СледноИпсвич го налути шампионот па Халанд врати со “хет-трик“, Тотенхем го декласира Евертон!